Сите знаеме дека ова е еден од задолжителните свадбени ритуали во нашата земја, но дали знаете зошто невестата всушност фрла бидермаер?
Невестата го прави ова откако се омажи за еден куп немажени девојки, кои се обидуваат да ја искористат својата шанса за среќен брак.
Според популарното верување, девојка која ќе го фати бидермаерот ќе има среќа во љубовта и наскоро ќе се омажи.
Корените на овој обичај датираат од далечното минато кога се верувало дека невестата носи среќа, што всушност е точно и денес, но не од такви размери.
Сепак, дали знаевте дека овој обичај започна да се спроведува наместо стар обичај што младите сигурно не го сакаа.
Тие порано речиси се степувале околу невестата и венчаницата, а не околу бидермаерот.
Имено, пред неколку стотици години се верувало дека ако ја допрете невестата на свадбата, ќе имате среќа, а ако откинете парче превез или венчаница, навистина ќе имате среќа.
Во средновековна Англија, венчаниците не биле толку скапи како денес и се сметало дека венчаницата носи среќа на невенчаните девојки, па тие скоро и да го ракинувале фустанот на невестата со недеж дека и тие наскоро ќе стапат во брак.
За да не се борат гостите и да ја кубат невестата, т.е. ѝ го кинат фустанот, започна да се фрла бидермаер, што беше многу брзо прифатено, а овој обичај на допирање на невестата или кинење на венчаницата беше оправдано заборавен.