Celebrity

Дејвид Бекам ја фрли маската на мачо мен и уживаше во забавата

Поранешниот англиски капитен Дејвид Бекам (45) објави фотографија на Инстаграм со неговиот најмлад син Круз.
На фотографијата, освен овие двајца екстра популарни личности може да се забележи и поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Ентони (52).

Триото, заедно со сопственикот на ноќниот клуб Дејв Грутман, застанаа пред спектакуларната родеденска торта на три нивоа, украсена со графити, омиленото хоби на Круз.

Пријателите изгледаа расположено додека Дејвид ги споделуваше сликите на Инстаграм и пишуваше: „Cruzzing through 16 HBD @cruzbeckham”

Иако групата беше рака под рака и без заштитни маски на лицето, тие не ги кршат правилата во САД – и вечераа во приватна просторија во клубот на Дејв, Комодо Мајами.

„Мајами има различни регулативи во однос на Велика Британија – семејството е многу внимателно и ги почитува правилата каде и да се и редовно се тестира” – извор изјави за MailOnline

Напиши коментар