Современото време донесе многу позитивни работи, но во трката за модерен начин на живот, ги заборавивме вистинските вредности што некогаш биле негувани, особено во машко-женските односи …
Ова се однесува на убавото однесување што ги прави мажите мажи. Еве што жените наведуваат како три најлоши карактеристики на современите „момци“:
- Еден од нивните главни проблеми е слабата комуникација со девојките. Се повеќе млади мажи практикуваат повремено излегување со девојки, без обврски. Таа ,,врска” функционира одлично кога се заедно, но тогаш не се појавуваат со денови, до следната можност.
- Денешните млади луѓе се многу неодлучни во апсолутно сè. Во ветувања, комуникација, размислување и постапки.
- Често ќе чуете од нив дека не се подготвени за врска. Би било добро партнерите да го кажат тоа на почетокот, но тие често чекаат да помине некое време да се изјаснат дека врската не е за нив.