Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, ги воодушевија сите со својот изглед на новогодишната ноќ.
Имено, иако не отидоа на гламурозна прослава, тие навистина заблескаа и за помалку од 24 часа добија два и пол милиони лајкови на нивната фотографија на Инстаграм.
Џастин беше облечен во елегантно одело, а неговата сопруга во тесен, црн фустан со длабоко, необично деколте.
„Прекрасна си“, „Боже, колку си убава“, „Пред сè, ти си прекрасно суштество, но навистина и изгледаш прекрасно“, се само некои од коментарите за изгледот на Хејли.