Според странските медиуми, старлетата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест, наводно, решиле дефинитивно да стават крај на нивниот брак по сите падови. Причината за овој брачен и љубовен распад е наводната измама на Канје со скандалозниот, трансроден јутјубер, Џефри Стар, кој сега одлучи да зборува во врска со највониот скандал.
Стар дрско ја коментираше гласината преку видео на Јутјуб, велејќи дека сака многу високи мажи и дека никогаш не се дружел со Канје и дека сите тие претпоставки му се смешни.
„Џефри Стар е слободен и никогаш не сум спиел со Канје. Во моментов не спијам со никого“, изјави инфлуенсерот.
Според странските медиуми, Ким наводно сака да се разведе од сопругот бидејќи нивната врска паднала на најниско ниво досега. Канје веќе подолго време живее на неговиот ранч во Вајоминг и, според медиумите, не планира да се врати кај Ким и нивните деца.
Џефри вели дека причината поради која бил поврзан со Канје е тоа што го напушти Лос Анџелес за да живее во Вајоминг.
„Се разбудив и телефонот за малку ќе ми експлодираше. Си помислив: „О Боже, за каков скандал станува збор денес“. Искрено немав идеја. Се држам до себе, живеам во овој прекрасен стан во Вајоминг и го сакам животот “, вели Џефри.
„Сè е измислено затоа што двајцата живееме во Вајоминг“, тврди тој, објаснувајќи дека се преселил во државата за да може да започне нов бизнис и дека тоа нема никаква врска со 43-годишниот рапер кој живее таму.
Тој, исто така, им се обрати на оние кои ширеа гласини велејќи им: „Имате премногу слободно време, кучки“.