Celebrity

Џеј Ло сакаше да се пофали со своите нови производи, но наиде на конфликт со обожователите: „Бидете малку пољубезни!“

Пејачката и актерка заплови и во козметичките води, а сама на себе си е најдобар модел. Сепак, не се малку оние кои мислат сосема спротивно од неа…

Откако се испроба во музиката, филмовите, моделингот, модата и многу повеќе, Џенифер Лопез ја исполни долгогодишната желба – основаше компанија за козметика!

Деновиве е зафатена со пласирање и рекламирање на своите производи за нега на лице, па соодветно на тоа сподели видео на Инстаграм, кадешто ја гледаме без шминка и филтри, додека нанесува маска за лице со својот потпис.

Ја опиша како најдоброто нешто што некогаш го користела, но нејзините обожаватели веруваат дека Џенифер има уште еден помошник во одржувањето на младешкиот изглед: ботоксот. Многу брзо по објавувањето на ова видео, пејачката доби коментари дека е лицемерно да се рекламираат производи за нега на лице додека користи инјекции за ботокс. Одлучи да не молчи и повтори таа нема никаква потреба да користи такво нешто.

  • „Тоа е само моето лице! По петстомилионити пат велам дека не инјектирав ботокс или други инјекции, ниту направив операција“ – истакна Џеј Ло и додаде дека секој што пишува слични коментари треба да биде малку по љубезен со другите за да се чувствуваат подобро во својата кожа.

Напиши коментар