Celebrity

Џенифер Лопез ја изведе песната “This Land is Your Land” за време на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден

Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира пред зградата на Конгресот на САД.

Лопез се фотографираше со војниците кои се грижат за безбедноста и напиша:

  • „Ми беше голема чест да поминам неколку моменти со овие храбри мажи и жени. Ви благодариме за вашата жртва и услуга. Ве величам денес и секој ден. Ќе пеам за вас и за сите Американци“

Потоа објави фотографија на која позира во друштво на нејзиниот тим како седат на скалите, но на многумина не им се допадна тоа што никој од нив не носеше маска.

На инаугурацијата таа ја изведе песната „This Land is Your Land“, а за време на нејзиниот настап им се обрати на Американците на шпански јазик со: „Една нација, слобода и правда за сите“!

Напиши коментар