Celebrity

Џесика Алба откри како се справува со online наставата: „Ги шпиунирам децата преку скриени камери“

Дефинитивно не и е лесно на популарната мајка на три деца да ги надгледува 12-годишната Онор Мари, 9-годишната Хевен Гарнер и 3-годишната Хејс, а со цел да го контролира нивното online учење, оваа строга мајка инсталирала камери во сите детски соби.

„Секако дека ќе забележам ако не обрнат внимание на она што наставникот им го кажува! Имам свои шпионски камери преку кои можам да видам дали се фокусирани или се несериозни. Ако случајно се степаат, можам да го вратам видеото и да проверам кој кого го удрил прв “, со гордост открива Алба (39).

Таа се осврна и на фактот дека нејзините деца до неодамна воопшто немале појма дека таа е мега популарна актерка и меѓународна ѕвезда.

Напиши коментар