Џиџи и Зајн беа многу таинствени во врска со името на нивната ќерка. Во никој случај не сакаа да го откријат тоа пред јавноста, а сите сакаа да знаат што избра овој популарен пар како име за нивната прва ќерка. А, сега Џиџи конечно ни откри – и името ги воодушеви сите.
Поминаа 4 месеци откако Џиџи Хадид и Зајн Малик станаа родители, а бидејќи тие не открија како ја нарекле нивната ќерка, веќе некое време кружат обиди од фановите да се погоди името. И сите погрешија. Џиџи дури сега ја откри оваа добро чувана тајна. Ќерката ја нарекоа Khai. Таа го откри ова на својот профил на Инстаграм, откако го смени описот на профилот и додаде “Khai’s mom”.
Сите имаа различни идеи за тоа како ја нарекле ќерката, но ова име никому не му падна на памет. Зошто тоа име? Се претпоставува дека девојчето го добило името по бабата на Џиџи, од страна на нејзиниот татко, која се вика Khairiah. Името звучи невообичаено, но тоа е затоа што е виетнамско име, а значи „јак“ или „избран“.