Celebrity

Џошуа Басет заврши во болница: „Ова не е местото кадешто мислев дека ќе бидам на денот кога ќе излезе мојата песна“

Џошуа Басет се опоравува од операцијата. Дваесетгодишниот забавувач ја објави својата песна „Lie Lie Lie“ во четвртокот (14-ти јануари), а само неколку часа подоцна ги извести обожавателите дека е во болница затоа што ја доживува „најголемата болка“ во животот.

Џошуа изјави дека болката трае со денови и веќе станала преинтензивна, па знаел дека мора да оди во болница..

„Поздрав, ова не е местото кадешто мислев дека ќе бидам на денот на излегувањето на Lie Lie Lie …Болница!! (пред да прашате, не, не се работи за Ковид.)“, напиша Џошуа на Инстаграм.

„Откако непознатото, непријатно чувство се претвори во најголемата болка во мојот живот, 10 пати повеќе од секоја болка претходно, се обидов да заспијам. По повеќе, многу лоши денови и ноќи, денес немав избор, па ме одведоа во болница“, продолжи тој.

„Би сакал да ви се заблагодарам за поддршката во врска со песната! Првата операција ја имав вечерва! Ќе одмарам во болницат“, заврши Џошуа.

Напиши коментар