Celebrity

Ѕвездата од серијата “Riverdale” се породи неколку месеци по разводот – Ванеса Морган доби син!

Ванеса Морган се породи. 28-годишната актерка од серијата “Riverdale” роди син, кого го доби со, наскоро поранешниот партнер, Мајкл Копеч.

„Ванеса роди бебе, а Мајкл е со неа“, открива изворот.

Ванеса и 24-годишниот професионален бејзбол играч не го открија името на нивниот син ниту датумот на раѓање.

Во јули 2020 година, актерката откри дека е бремена. Само три дена подоцна, Ванеса и Мајкл ги шокираа фановите кога се дозна дека Мајкл поднел барање за развод еден месец порано.

Ванеса и Мајкл се венчаа на интимна церемонија во Флорида во јануари 2020 година.

Во пресрет на премиерата на петтата сезона на “Riverdale” на почетокот на овој месец, беше откриено дека бременоста на Ванеса ќе биде дел од серијата.

Напиши коментар