Дали ги слушате вистинските стихови или некои други?
Нова збунувачка работа од Интернет. Откако се дебатираше за тоа каква боја е фустанот или какви се боите на патиките, сега има актуелна дебата за тоа што некој слуша. Одеднаш, старата песна од Сем Смит повторно се најде во центарот на вниманието, а причината е најбизарната досега, секој слуша нешто различно кога ја слуша.
Пред 7 години, популарниот пејач Сем Смит објави песна наречена ‘Make It To Me’. Иако популарна, таа никогаш не била толку популарна како некои други хитови и многу луѓе никогаш не слушнале ја порано. И сега кога ја слушнаа, ги збуни луѓето бидејќи излезе дека секој слуша различни зборови, и тоа сосема различни зборови. И сите верзии имаат смисла.
Проблематичниот дел од песната што збунува, стои зад стиховите ‘and I wanted you to know that…’. После тоа, секој слуша нешто различно. И има дури 4 различни верзии на стиховите за кои луѓето тврдат дека ги слушаат.
1.you’re the one designed for me
2.by the way she’s safe with me
3.you’re the one who saved me
4.by the way you saved me
@aabster ♬ original sound – armina
Некои тврдат дека во зависност од тоа на кој стих се концентрирате, ќе го слушнете тој стих. Кој стих го слушнавте прво? Само еден е вистински, а тоа е првиот ‘you’re the one designed for me’.