Free zone

Едноставна маска за чистење на лице: Потребни се ТРИ состојки


Направете своја маска за чистење на лицето, која ќе ви го врати сјајот на кожата.

Многу козметички производи од билки се идеални за сите типови на кожа. Сепак, зошто да трошите пари на скапи креми, кога идеалната подготовка можете сами да ја направите.

Потребни ви се само три состојки и пет минути од вашето време, по што ќе бидете повеќе од задоволни од она што самите сте го направиле.

Потребно е: eдна лажица мед, лажица мелено оревче и една лажица цимет во прав.

Истурете ги сите наведени состојки во еден сад и мешајте додека смесата не добие чоколадна боја. Нанесете на лицето и оставете да отстои половина час. Потоа исплакнете го лицето. Избришете го со чиста крпа. Веќе по првото нанесување ќе забележите неверојатни резултати.

Напиши коментар