Free zone

Експертите објаснија зошто не е паметно да се прескокнуваат редовните оброци: Тоа може да доведе до зголемен замор и потешко варење на храната!

Сигурно барем еднаш ви се случило да прескокнете некој оброк.

Експертите велат дека воопшто не е добро.

Преку пет оброци на ден, односно три главни оброка и две закуски, ја добиваме потребната енергија за целиот ден.

Покрај тоа, редовната исхрана обезбедува калциум, железо и витамини од групата Б.

Прескокнувањето оброци во средна и зрела возраст доведува до зголемен замор, послабо варење и општа слабост на телото, што може да го наруши квалитетот на животот. Гликозата е основна храна за мозокот.

Затоа, кога прескокнуваме оброци, нивото на гликоза во крвта паѓа и стануваме уморни, деконцентрирани и нервозни, а тоа потоа влијае на извршувањето на активностите на работа или во слободно време.

Покрај заморот и намалената концентрација, луѓето кои прескокнуваат оброци, имаат навика да се прејадуваат кога ќе се вратат дома, што резултира со акумулација на вишок килограми, а дебелината доведува до посериозни болести како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Напиши коментар