Free zone

Емпатијата кај животните е поразвиена отколку што мислевме

Една од главните работи што го разликуваат човекот од животните секако се чувствата. Чувствата не тераат да разговараме, не охрабруваат да правиме разни активности, да размислуваме за чувствата и да ги разбираме.

Најновото истражување откри дека некои животни не се водени само од инстинктот, туку дека кај повеќе од нив се развиваат и чуства, а најмногу емпатија.

Веќе знаеме дека некои видови чувства се документирани кај слоновите, делфините и особено кај кучињата, но во последно време, преријските глувци станаа сè поинтересни за истражувачите, најмногу затоа што овие глодари се социолошки доста развиени.

Однесувањето на преријските глувците може да биде мотивирано од емпатијата. Истражувачите извршиле експеримент во кој привремено изолирале некои членови на роднините и познаниците на глувците и ги изложувале на благи шокови.

Кога ги вратиле, глувците кои не биле изложени на шок почнале да ги лижат оние кои биле под стрес и со тоа да ги тешат.

Кога ја одделиле другата група глувци, но не ги шокирале, истото сценарио не се случило кога се вратиле назад. Инструментот што се користел за мерење на состојбата на хормоните открива како тагувале членовите на семејството и познаниците на глувците кога не можеле да ги утешат.

Интересно, тие го повториле експериментот на друг глушец и подоцна го сместиле меѓу глувци со кои претходно не се сретнал, но тие не покажале знаци на емпатија.

Значи, тие дошле до заклучок дека преријските глувци ги тешат само оние со кои се познаваат и со тоа ја негираат можноста дека тоа го прават инстинктивно.

Бидејќи окситоцинот е хормон поврзан со емпатија кај луѓето, научниците го блокирале тој невротрансмитер во еден експеримент за да видат како глувците ќе реагираат тогаш. Сепак, блокадата на окситоцин не ги спречи членовите на семејството и познаниците на глувците да продолжат да се тешат.

Овие откритија ни даваат нови сознанија за механизмот на емпатија и еволуција на комплексни однесувања кај животните, особено оние мотивирани од емпатијата.

Напиши коментар