Celebrity

Ен Хатавеј одлучи да сними филм посветен на епидемијата предизвикана од Ковид-19

Познатата актерка, Ен Хатавеј, со голема тешкотија ја издржа изолацијата предизвикана од Коронавирусот, која се прошири на целиот свет.

„Многу пати во текот на првите денови морав да се опуштам, да исфрлам сè што беше лошо од мене, но не сакав да ги исплашам моите деца, па затоа често врескав во перницата“, изјави актерката, која беше инспирирана од оваа ситуација и одлучи да направи симболичен филм, наречен „Lock Down“.

„Беше тоа возбудливо искуство. Некои луѓе повторно почнаа да пушат, други почнаа да пијат за време на ручекот, а ние само ги собравме сите тие чувства и емоции и направивме филм“, изјави актерката.

Таа додаде дека снимањето на овој филм имало катарзичен ефект врз неа, бидејќи затворањето и самата изолација ги поднела навистина тешко.

Напиши коментар