After Midnight

Eве што прво момците забележуваат

Научниците од колеџот Велесли и Универзитетот во Канзас побараа од повеќе од 100 студенти да погледнат фотографии од момци и девојки.

Потоа тие требало да кажат дали можат да замислат одредена личност како потенцијален пријател или дали сметаат дека можат да се во врска со неа.

Научниците посветиле посебно внимание на една работа – движењата на очите. Имено, тоа треба да открие како испитаниците ги перцепираат луѓето на сликите.

Каде оди прво погледот?
Резултатите од ова истражување покажаа дека мажите кои гледаат жена во лице – не се заинтересирани за неа. Бидете внимателни сега: ако мажот најде жена привлечна, тој прво ги гледа градите и колковите. Момци, навистина? Значи, според ова истражување, контактот со очите воопшто не е важен?!

Објаснување за тоа однесување
Иако сето тоа звучи малку како клише, не треба да им се лутиме на момците. Резултатите од истражувањето одговараат на еволутивните истражувања – кои покажаа дека „прото-мажите“, исто така, примарно внимаваа на женското тело. Имено, мажите сакаат да проверат дали жената е „соодветна за продолжување на лозата“, а тоа им го кажуваат нивните физички атрибути.

Напиши коментар