Free zone

Езеро Мекдоналд – шарено чудо на природата

Од светло-црвена до светло-кафеава, од сина до бледо зелена, разнобојните карпи што ги има езерото Мекдоналд предизвикуваат задоволство и кај посетителите на езерото и кај оние што го гледаат на фотографии.

Шарените камења на езерото Мекдоналд се особено популарни меѓу љубителите на природата на социјалните мрежи, а еве како настанало.

Езерото Мекдоналд е едно од 700-те езера во Националниот парк Glacier во американската држава Монтана.

Поради ниските температури кои го спречуваат растот на планктоните, водата на езерото е неверојатно чиста и проѕирна , дури и на места каде длабочината е 9 метри.

Покриени со чиста вода, вистинските „sвезди“ на ова езеро се неговите камења во боја на виножито.

Мекдоналд не е единственото езеро богато со овие шарени камчиња, но сигурно е едно од најпознатите.

Која е „тајната на неговиот изглед“, како се појавиле шарените камења?

Се создавало со векови. Камењата се формираат од црвени и зелени карпи, и се богати со железо, а боите се резултат на (не) изложеност на каменот на топлина и воздух.

На пример, светло-црвената боја значи дека карпата била во плитка вода и дека често била изложена на воздух поради повлекување и излевање на вода.

Темно зелената боја ни кажува дека карпата, иако содржи иста количина на железо, била формирана во длабока вода и не била изложена на кислород.

Со илјадници години, водата ги кршела овие карпи на помали парчиња, а речната ерозија ги претворила во мазен чакал на кој се восхитуваме денес.

Напиши коментар