Free zone

Феноменален трик: Еве како со помош на црвен кармин да ги сокриете темните кругови околу очите

Темните кругови околу очите се естетски проблем кај голем број жени. Ако спаѓате во оваа група и веќе сте ги испробале сите методи на покривање, а ништо не вродило со плод, можеби овој трик ќе ви помогне.

Ако им се верува на шминкерите, црвениот кармин може да биде ефикасен во решавањето на овој проблем.

Еве како да го користите црвениот кармин за да добиете резултати:

Ќе ви треба кремаст црвен кармин што ќе го нанесете директно под окото со лесен потег, а потоа лесно тапкајте со прст или сунѓер. Внимавајте да не ставате премногу кармин.

Потоа нанесете коректор и течна пудра на вообичаен начин. Црвениот кармин дава добри резултати, затоа што црвениот ги неутрализира виолетовите тонови на очните капаци.

Погледнете го видеото за да видите како изгледа целиот процес:

Напиши коментар