Тие се најубавите и најгламурозните жени на светот.
Холивудските дами многу се грижат за својот изглед и иако многу стилисти, козметичари, шминкери и фризери, се задолжени за нивната убавина, во секојдневниот живот тие изгледаат како и сите други девојки од соседството.
Секоја од холивудските sвезди има свој ритуал за убавина, кој го применува секој ден, па решија да споделат со своите обожаватели како ги негуваат своето лице и тело.
Кетрин Зета-Џонс, покрај нејзината беспрекорна убавина, е препознатлива и по нејзината насмевка. Тајната на нејзините бисерно бели заби лежи во античкиот рецепт на нејзината баба. Кетрин ги избелува забите еднаш неделно со пире од јагоди подготвено во нејзината кујна.
Натали Портман секој ден нежно го трие лицето со парчиња суров компир, кои не само што се многу ефикасни во борбата против црните точки, туку ја прават кожата на лицето мазна и сјајна. Парчињата од суров компир се, исто така мала тајна на една од најубавите жени во светот, Синди Крафорд, која ги става на очите за да се ослободи од темните кругови и да ги испегла малите брчки.
Проблемот со целулитот, Наоми Кембел го решава со свежо мелено кафе, кое го разредува со малку вода, го нанесува на критичните места и цврсто обвиткува со проѕирна кујнска фолија.
Сандра Булок тврди дека едно јаболко на ден и помага да ја зачува својата убавина одвнатре, а парчињата сурови јаболка, со кои го трие лицето еднаш неделно, и помагаат да ја зачува убавината однадвор. Благодарение на природните јаболковни киселини кои предизвикуваат лесен пилинг, нејзиното лице е свежо, мазно и сјајно.
Шерон Стоун верува дека нема убавина без здрав и активен живот, па денот го започнува со утринско џогирање. Меѓу тајните на нејзината убавина и совршениот стас е и вегетаријанската диета.