Celebrity

Фотографијата на младата Анџелина Џоли го сруши Интернетот: „Најубавото нешто досега“

Актерката, режисерка и хуманитарка отсекогаш била меѓу најубавите жени поради нејзината непобитна убавина. На Интернет се појави скоро 20-години стара фотографија од Анџелина Џоли, а многумина се согласија дека нејзината природна убавина е ненадмината.

Интернетот главно беше воодушевен од природната убавина на младата Анџелина, а еден од коментарите што доби најголемо одобрување беше многу краток и јасен: „Ова е најубавото човечко суштество во историјата!“

Денес, 45-годишната Анџелина, како и секогаш, работи на нови проекти, и повторно ќе се најде зад камерите за биографскиот филм на воениот фотограф Дон Мекалин.

Со две децениско искуство во хуманитарна борба за човекови права и со многу нови уметнички проекти. Она што најмногу воодушевува кај Анџелина е без оглед на тоа што ѝ носи животот, нејзиниот оган останува незадржлив.

Напиши коментар