Црвениот кармин е толку ефикасен што многу девојки, со соодветна боја на коса и тен што мора да бидат беспрекорни, не мора да користат никаква друга шминка, освен можеби нежна нијанса на пудра или крема за тонирање.
Сепак, најголемиот проблем, дури и со квалитетните кармини, е што може да се види многу брзо кога ќе се излиже, така што бојата на внатрешната страна на усните која е и помека изгледа неуредно.
Пред да започнете, подгответе: црвен молив за усни, црвен кармин, марамче, пудра и ако сакате сјај за усни.
Следете подолу чекор по чекор како да го нанесете црвениот кармин.
- Нанесете црвен молив на целите усни
- Ставете марамче на усните за да го фиксирате моливчето
- Ставете пудра во прав на усните
- Нанесете црвен кармин и сјај за усни по желба