Celebrity

Гордон Ремзи УДРИ на ШЕГА – но никој не се смее

Гордон Ремзи едвај чека да предизвика нова бура реакции во јавноста откако веќе еднаш предизвика бес кај локалното население за време на првиот lockdown.

Ѕездата на неколку емисии за готвење и неговото семејство минаа 250 километри од Лондон до нивната викенд куќа во вредност од 4 милиони фунти минатиот мај.

Ова го налутило локалното население затоа што, според тогашните мерки, цела Велика Британија требаше да остане дома и да не патува во другите делови на земјата.
На прашањето на што најмногу се радува откако мерките не ќе се укинат, Гордон изјави за „Сан“: „Едвај чекам да ги видам моите соседи во Корнвол“.

Потоа продолжи да се шегува.

“Го поканив Џо Бајден на појадок … Почекајте и видете кој ќе ми дојде појадок….. Големиот Џо! Соседите ќе полудат”, изјави готвачот.

Гордон (54) исто така се осврна на контроверзноста откако започна долго возење велосипед во областа.

„Немаше закон што ќе ми забрани да возам велосипед само еден час“, изјави тој.

Минатата година, локалното население на Корнвол го критикуваше ТВ-готвачот за неговото патување во оваа област.

Тие се плашеа дека ќе бидат изложени на коронавирусот што Гордон и неговото семејство потенцијално ќе го „донесат“ од Лондон, а полицијата во градот ги повторуваше предупредувањата луѓето „да се држат настрана од Корнвол“.

Напиши коментар