Само што започна, а 2021 година ни донесе многу изненадувања. Очигледно Хари Стајлс излегува со Оливија Вајлд помалку од два месеци, откако актерката објави дека се разведува од Џејсон Судеикис.
Се зборува дека парот се забавувал „неколку недели“, вели извор близок на парот.
Гласините дека 26-годишниот Стајлс и 36-годишната Вајлд излегуваат започнале откако биле забележани како се држат за рака на свадбата на менаџерот на пејачот, Џефри Азоф.
„Тие беа во Монтесито, Калифорнија викендов на свадба. Беа блиски пред сите, се држеа за раце и изгледаа многу среќно. Тие се заедно неколку недели “.
На фотографиите направени од Пејџ Сикс, Стајлс е во целосно црно одело, додека Вајлд е во цветен фустан. Парот беше фотографиран и со маски (ТМЗ тврди дека на венчавката имало 16 гости, а Стајлс бил матичар.) Според извештаите, Стајлс и Вајлд подоцна биле забележани како се враќаат во домот на пејачот во Лос Анџелес.
Иако е можно парот едноставно да се зближил на пријателска основа, откако работеле заедно на новиот филм „Не грижи се, мила“, многумина се убедени дека ова е доказ дека режисерот и актерката започнале врска со Хари наскоро откако раскинале со нивниот долгогодишен партнер.
Во ноември 2020 година, „People“ објави дека Вајлд и Џејсон, ја откажале веридбата некаде на почетокот на 2020 година. Тие имаат две деца: шестгодишниот син Отис и четиригодишната ќерка Дејзи.
Веста за нивната разделба дојде неколку месеци, откако Стајлс стана дел од новиот филм на Оливија, каде таа глуми заедно со Флоренс Пуг.
„За мене, тој е многу модерен“, рече Вајлд во едно интервју, опишувајќи го пејачот. „Се надевам дека овој бренд на самодоверба што го има Хари – навистина лишен од било какви траги на токсична машкост – е показател за неговата генерација, а со тоа и за иднината на светот.