Celebrity

Хејли Бибер го сподели својот најголем моден FAIL: Оваа модна комбинација со задоволство би ја запалила

Модни гафови им се случуваат и на најдобрите. Иако славните имаат стилисти и дизајнери кои работат со нив и ги облекуваат секој ден, сепак се случува тука и таму да направат грешка и подоцна да се запрашаат што се случува

Иако често има супер комбинации на облека, Хејли Бибер има и аутфити кои веруваме дека сака да ги заборави. Само што тоа нема да и оди така лесно, бидејќи на Интернет кружат нејзините фотографии од сите можни прилики, вклучувајќи ги и оние што таа не сака да ги види. Секојдневните комбинации на облека се вистинско олицетворение на удобност во последно време. Во трендот на Инстаграм ‘Post a Photo Of’, некој побара од неа да стави фотографија од најлошата облека што некогаш ја носела. И Хејли се согласи. Таа објави фотографија од оваа облека.

Таа исто така напишала „Ова би требало да биде илегално“. Фотографијата е од 2015 година, а комбинацијата чизми, тексас шорцеви и туника / џемпер е вистински хаос, целосно се согласуваме со тоа. Дефинитивно оваа комбинација не и е светла точка.

Напиши коментар