Astro&Horoscope

Хороскопските знаци и боите – Погледнете која боја најмногу му одговара на вашиот знак

Овен
Овните треба да носат црвена боја. Нивниот владетел е Марс, па енергичните бои им одговараат. Нежните нијанси едноставно не се за нив. На нив добро ќе изгледа и она што никој друг не би го облекол, на пример бои кои никако не одат заедно.

Бик
Розовата е боја се препорачува за Бикот, како и за сите зелени нијанси. Биковите сакаат цветни дезени и пролетни бои. Сè, само да не се во „мртви“ нијанси. За нив не се препорачува црвена боја.

Близнаци
За Близнаците е жолтата, портокаловата, сивата, како и небесно сината. Близнаците сакаат да комбинираат црно со бело.

Рак
Препорака за Раковите е да се опкружуваат со сребрено и бело. Ги смирува. Колку повеќе носите бела, сребрена, можеби сина, ќе ви одговара, сè додека се светли нијанси. Просторот во кој престојувате треба да биде релаксирачки и да потсетува на морето.

Лав
Црвената и златната боја се боите со кои Лавот треба да се опкружува и да ги носи. Бојата на Сонцето, владетелот на знакот Лав, го прави овој знак сјаен. Светли нијанси и впечатлив накит се добри за Лавот. Окерот е боја што исто така им се допаѓа.

Девица
Кафеава, окер, сива, но и зелена боја, се препорачуваат за овој знак. Земјиниот знак Девица сака минималистички комбинации, не премногу воочливи бои. Мебел во боја на дрвое оној што обично го избираат. Деталите се важни за нив.

Вага
Розова, бела, нежно сина, сива, крем, пастелни бои, светло зелена. Вагите се облекуваат многу хармонично, сакаат меки бои кои се лесни за комбинирање. Ненаметлива, убава и елегантна. И мебелот во нивната куќа треба да биде во неутрални бои.

Скорпија
За Скорпијата се бордо и црна. Тие лесно комбинираат и со други бои, а покрај гардеробата, Скорпиите треба да имаат и мебел во овие бои.

Стрелец
За нив се препорачуваат тегет и виолетова, но исто така и темно сина. Јупитер владее со овој знак, така што виолетовата или темно сината боја е поврзана со оваа планета. Иако, Стрелецот е еден од ретките ликови кој ќе одлучи за разновидноста на боите, затоа што смета дека сè му одговара.

Јарец
Сивата, бојата на каменот, како и црната се бои за Јарецот, но им одговара и кафеавата боја. Практични и деловни, припадниците на овој знак се смирени, па не експериментираат многу со боите.

Водолија
Тиркизна, сива и сина се препорачува за овој знак. И темносината и сината боја им одговараат.

Риба
Сина, зелена, светло сина, темносина, виолетова, се боите кои се препорачуваат за Рибите. Сите нијанси на морето се добри за овој знак. Исто така, барем во спалната соба тие треба да имаат некоја сина нијанса. Треба да ги избегнуваат боите на земјата, како и боите на огнот.

Напиши коментар