Бракот – без разлика дали е формално склучен или не – е претежно „во крвта“ на овие знаци.
Бик
Биковите имаат традиционален поглед на бракот. Тие го сфаќаат сериозно и внимателно ќе слушаат сè што им кажува матичарот и свештеникот. Тие се однесуваат одговорно кон сè, дури и кон бракот. За да спречат раскинување, тие ќе ги толерираат испадите на своите партнери и ќе преземат поголем дел од домашните обврски. Нивниот приоритет е заштита на интересите на децата и зачувување на заедничкиот имот.
Вага
Родените во овој знак се зависни од љубов, затоа од детството сонуваат за брак и сопруг. Тие ќе вложат многу во функционалноста и опстанокот на бракот со цел повторно да се избегне стресот од развод и осаменост, но и да се покаже на околината нивниот приватен живот во хармонија. За да не мора да живеат сами, во отсуство на подобар избор, тие ќе се определат и на потпросечен партнер, кого ќе го остават ако најдат некој поквалитетен. За време на периодот на транзиција, тие тајно ќе ги одржуваат и двата односи.
Рак
За длабоко чувствителните Ракови, бракот е круна на љубовта и тие самата свадбена церемонија ја доживуваат како најважна епизода во животот. Брачен другар и заеднички дом се клучни за нивната благосостојба, па затоа повеќето од своите ресурси ќе ги насочат кон нив. Тие ги сметаат децата се брачен императив затоа што на нив гледаат на врска што ќе ги зајакне нивните односи со партнерот. Ако имаат деца, тие ќе се обидат да останат во брак дури и кога имаат сериозни несогласувања со партнерот.
Риба
Живеат многу поудобно и посреќно ако имаат на кого да се потпрат, затоа се идеални брачни партнери. Тие ги одржуваат бракот и домот со нежност и љубов и никогаш не забораваат да ја/го бакнат саканиот/ата кога ќе се вратат дома. Ќе му простат скоро сè и повеќе ги плаши помислата партнерот да ги напушти засекогаш отколку самото неверство. Ако причината за кризата е трета личност, тие нема да дејствуваат љубоморно и одмаздоубиво, туку ќе бидат подготвени на сè само за повторно да го придобијат партнерот.