Free zone

Идеално решение за девојки со виткана коса: Plopping техника за совршена фризура!

Ако имате природно виткана коса и никогаш порано не сте ја пробале познатата plopping техника, ја пропуштате можноста да имате совршени кадрици.

Но, никогаш не е доцна, па затоа ние денес ви откриваме како треба да започнете да ја сушите витканата коса, така што вашите кадрици ќе бидат совршено дефинирани. Користејќи ја специјалната plopping техника, на влажна коса се елиминира можноста за опаѓање на косата и разделување на локните за време на процесот на сушење.

Оваа техника е фасцинантна, не само затоа што може да и овозможи на вашата виткана коса убави локни и поголем волумен, туку и затоа што на совршената права коса може да и даде брановиден изглед! И иако на самиот почеток на запознавање со оваа техника, вашата упорност може да биде доведена во прашање, важно е да не се предавате, бидејќи со секој нов обид сигурно ќе бидете сè подобри и подобри. За да ви помогнеме да ги дефинирате вашите локни, ќе ве водиме plopping техниката.

При користењето на оваа техника, ќе ви треба памучна маица, перница или микрофибер крпа, за да ги исушите влажните локни и да им дозволите да останат убаво дефинирани. Во основа тоа е техника на мотање крпа околу главата. Она што ја разликува plopping техниката од класичното завиткување со крпа, е всушност истегнувањето кое е својствено на првата техника. Оваа техника ги одржува вашите локни компактни, совршено дефинирани и им овозможува така и да се исушат.

Напиши коментар