Celebrity

Ирина Шаек проговори за најголемата траума

Ирина Шајк не сака да споделува детали од приватниот живот, но сега направи исклучок. Манекенката го призна непријатното искуство што ѝ се случило кога била мала и ги откри последиците што ги оставило врз неа, пренесуваат медиумите.

Кога имав шест години, не ограбија. Ја отворив вратата и налетав на три маскирани лица, од кои едниот ми држеше пиштол до главата. Излезе дека ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Не сум зборувала претходно на оваа тема – признава Ирина.

Таа додаде дека за неа е многу важно нејзината ќерка Леа, која ја доби со актерот Бредли Купер, да биде свесна од каде им се парите и да ги почитува.

Напиши коментар