After Midnight

ИСКРЕНО одговорете на овие ТРИ прашања: Краток тест што нè води кон вистинската љубов

Грег Браден, научник и автор на бројни бестселери, смисли три едноставни прашања со цел да ја разбуди можноста да прифати нешто поголемо – долговечност и заздравување во животот.

Начинот на кој ќе одговорите на нив ќе ви помогне да идентификувате сè што стои помеѓу вас и најцелосната љубов што го потврдува животот, се наведува во неговата книга „Спонтано заздравување на верувања“.

Прочитајте го секое прашање внимателно и одговорете искрено со „да“ или „не“. Ѕирнете подлабоко во себе и прашајте што има во вас што не ви дозволува да го живеете животот што го сакате, исполнет со љубов …

Погледнете се и одговорете на следново:

  1. Дали ви е тешко да се сакате пред сè?
  2. Дали сметате дека не е безбедно да се споделува љубов со другите целосно и без страв?
  3. Дали врските што ги имате во вашиот живот ви оставаат чувство на празнина и желба да побарате повеќе?

Ако одговоривте „да“ на кое било прашање, сосема е сигурно дека целото страдање и болка што сте ги почувствувале произлегле од вашето несвесно верување кое се прелева во вашите свесни искуства.

Ѕирнете подлабоко во себе и прашајте зошто тоа „да“ го има во вас и зошто не ви дозволува да го живеете посакуваниот живот исполнет со љубов.

Напиши коментар