Celebrity

Историски грешки во култните цртани филмови – Некои нешта навистина не се совпаѓаат

Омилените анимирани и цртани филмови на генерации деца и возрасни, всушност се полни со историски грешки. Значи, ако ви е важно она што го гледате да има врска со реалноста, избегнувајте премногу да ги проучувате деталите во овие популарни дела.

По ова, нема да гледате на цртаните филмови со исти очи.

Неколку филмови ја замаглија временската рамка на историјата, исто колку и 3-от дел од хит серијата „Ледено доба: Доаѓаат диносаурусите“. Од насловот веќе можете да откриете кој е проблемот – диносаурусите живееле пред 65 милиони години!

Последното ледено доба на Земјата беше „само“ пред 110.000 години, 64 милиони години по исчезнувањето на последниот диносаурус.

Дури и режисерот на „Храбрата Мерида“ призна дека цртаниот филм ја претставува Шкотска од „чиста фантазија“!

Мажите во 9от век, кадешто е сместена филмската содржина, не носеле килтови, а секојдневниот живот бил многу понасилен отколку што е прикажано. Не се зборувало за можноста жената да го избере својот сопруг. Пејзажите прикажани во цртаниот филм, пак, се целосно автентични!

Класикот „Заспаната убавица“ на Дизни е сместен во 14от век (ова се споменува во еден од дијалозите). Во тоа време, романтичниот танц што го гледаме на крајот од цртаниот филм би се сметал за целосно несоодветен!

Игри во кои партнерите се толку блиску еден до друг, не постоеле сè до 18от век и почетокот на сексуалните слободи. Допирањето на кој било дел од телото, освен раката, било незамисливо за тоа време.

Уште еден хит на Дизни, со нешто понов датум, започнува прилично добро и се држи до старата кинеска легенда за девојчето кое заминало во војска наместо нејзиниот болен татко. Сепак, секоја реалност е изгубена во морето на историски грешки во моментот кога ќе се појават Хуните.

Имено, разбојниците против кои се бори Мулан, носат пустош во провинциите оддалечени стотици километри од прикажаните на цртаниот филм. Да бидат работите уште полоши, прекрасниот Забранет град каде се случува последната битка е изграден 1000 години по живеењето на Мулан.

Сите ја сакаат сцената од почетокот на цртаниот филм, во која Бел пее за нејзината љубов кон книгите, додека ја посетува нејзината омилена градска библиотека, но тоа е чиста фантазија!

Животот во рурална Франција околу 1760 година воопшто не бил бајка, а Бел, како член на трговската класа, немало да има пристап до ниту една книжарница. Покрај сето тоа, книгите што би можела да ги сретне не би биле бајки и приказни, туку некои посериозни, религиозни текстови.

Критичарите го прогонуваат цртаниот филм на Дизни, Покахонтас, уште од неговата премиера пред 25 години. Скоро сè во филмот не е во ред!

Покахонтас имала само 10 години кога го запознала Џон Смит и тие никогаш не биле во љубовна врска. Таа се омажила за еден Англичанец, по име Џон Ролф, и поголемиот дел од својот живот го помина во Англија.

Напиши коментар