Сите ние сакаме да изгледаме убаво на секоја прослава.
Па дури и кога станува збор за домашна атмосфера, кадешто сме опкружени само со најблиското семејство и пријателите.
Секако, ова никогаш не е проблем кога имате убава и негувана кожа. Малку маскара и руменило, можеби кармин и ќе изгледате убаво и елегантно.
Но, тоа е сосема друга приказна кога имате проблеми со акни, мозолчиња и лузни. Во тој случај, потребно е многу повеќе напор за кожата да изгледа беспрекорно.
Само за оние дами кои се борат со проблематичен тен, шминкерот на познатите личности – Хиндаш, објасни во едно едноставно упатство како да постигнете изедначен тен, но и да изгледате погламурозно од вообичаеното, особено пред прославата на Божиќ, иако овој вид шминка можете да ја користите за секоја празнична пригода. .
Ова е особено корисно ако имате навика да се фотографирате со вашите најблиски и сакате да изгледате беспрекорно.
Како што вели Хиндаш, грижата е на прво место. Исклучително е важно да го хидрирате лицето. Доколку имате време, користете маска за лице пред важни моменти, така што лицето ќе ја добие потребната свежина.