Free zone

Излезете од летаргија – победете ја досадата на овие 3 начини

Веќе скоро една година, поголемиот дел од времето го поминувавме дома поради вирусот корона. Ги гледавме сите серии што ги посакувавме, читавме книги од стари списоци, готвевме нови специјалитети, но снемуваме идеи за во иднина.

Ни станува здодевно сè почесто и повеќе не знаеме како да го смениме тоа.

Како тогаш да се справиме со оваа состојба? Психолозите ги нудат следниве 3 предлози:

  1. Никогаш не гледајте во вашиот телефон

Кога ни е досадно на работа или дома, првото нешто што го правиме е да го земеме телефонот за да видиме дали има нешто ново на социјалните мрежи, надевајќи се дека тоа ќе ни помогне да ја надминеме здодевноста.

Ова обично не се случува, па за време на лизгање на Фејсбук, Инстаграм и Твитер исто толку ни е досадно како порано и не само тоа, по оваа активност се чувствуваме малку исцрпени, што не спречува да направиме нешто корисно.

  1. Ослободете се од притисокот да направите нешто конкретно

Досадата е сосема нормална. Фактот дека понекогаш се чувствувате така не треба да ве загрижува. Не мора постојано да бидете окупирани со некоја корисна или забавна активност.

Совршено е добро, на пример, да гледате низ прозорецот, да ги одморите очите од екранот со тоа што ќе легнете на креветот без книга или телефон или прошетате надвор без никаква цел.

  1. Фокусирајте се на убави моменти од минатото

Малку носталгија нема да повреди никого. Побарајте ги вашите стари слики од детството и запомнете ги убавите моменти од минатото. Уште повеќе ќе уживате ако поканите некој близок да ви прави друштво додека го правите тоа и наскоро ќе заборавите на здодевноста.

Напиши коментар