Измамникот успешно се претставил како sвездата на серијата Riverdale, Лили Рајнхарт, во интервју за списание.
Списанието „Seventeen“ во петокот објави извинување, велејќи дека „накратко објави“ статија со информации за кои уредничкиот одбор верува дека доаѓаат од актерката.
„Сфативме дека лицето што контактираше со нас е всушност измамник и нема никаква врска со sвездата од Riverdale“, сто во соопштението.
„Сакаме искрено да и се извиниме на Лили и нејзините обожаватели за оваа несреќна ситуација“
Списанието ја избриша статијата од страницата и извести дека „внатрешно ќе ги провери уредничките процеси и процесите за проверка на фактите, за да се осигура дека вакво нешто нема да се повтори“.
Лили ја коментираше оваа чудна ситуација во саботата, преку Инстаграм, пишувајќи: „Од некоја бизарна причина, некој ме претставуваше во интервју за @seventeen“.
„Ништо несоодветно не беше кажано, но тоа не беа мои зборови и сакав да им се обратам.“
Покрај тоа што се претставил како Рајнхарт, измамникот очигледно се преправал дека е публицист на sвездата и открил (неточни) детали за новата сезона на популарната серија.
Репортерот Лукас Хил-Пол во петокот изјавил дека измамникот исто така го изневерил – и дека ќе го повлече написот што го напишал за Daily Express.
„Потсетив дека интервјуто што го споделив со Лили Рајнхарт е лажно и дека некој лажно се претставува како Лили и нејзиниот публицист“, напиша тој на Твитер.
„Очигледно ми е непријатно и прилично сум вознемирен и искрено им се извинувам на сите што беа измамени од написот“, изјави овој новинар, извинувајќи и се на актерката.