Free zone

Јети – Снежниот човек

Јети за прв пат се споменува пред 100 години.


За Снежниот Јети за прв пат се слушна пред повеќе од 100 години, кога Л.А. Водел на Хималаите наиде на отпечатоци од непознато и очигледно големо суштество. Мистеријата продолжува сите овие години … Во октомври 2003 година конечно се појави доказ дека митскиот Снежен човек најверојатно сè уште постоел – во далечното минато. Во вечниот мраз на Сибир, на планините Алтај, беше пронајдена совршено зачувана нога покриена со крзно. Испитувањата покажаа дека е стара неколку илјади години и дека припаѓа на непознато суштество од многу аспекти слично на човекот.
Научникот Лорен Колман е склон да мисли дека приказната за Јети завршила тажно. Тој верува дека е сосема можно дека видот е веќе истребен и дека доказите за неговото постоење нема да се најдат.

Откриени стапалки на Јети на Хималаите
Ова митско суштество, половина човек, половина мајмун, со децении ја разгорува фантазијата на авантуристи, особено на западните. Во декември минатата година, американска телевизиска екипа се врати од падините на Еверест, помеѓу Непал и Тибет, објавувајќи дека пронашле траги од јети.

Во досегашните извештаи на сите очевидци, Јети е опишан како огромно, влакнесто суштество слично на мајмун, со црти на лицето близу до човекот, зад кои се шири непријатен мирис. Тој комуницира, наводно, со свирежи и невообичаени негодувања.

Напиши коментар