Celebrity

„Кај нас сè беше – наопаку“: Принцот Хари откри како се родила љубов меѓу него и Меган Маркл

Во неодамнешното интервју за The Late Show With James Corden, принцот Хари отворено зборуваше за одрекувањето од кралските должности, серијата ,,The Crown” , но и љубовта со Меган Маркл.

Признавајќи дека притисокот од британските медиуми му влијаел на неговото ментално здравје и дека повлекувањето од кралското семејство било потребно за да го сочува своето семејство и себеси, Хари тврди дека нема да престане да придонесува за заедницата и да извршува должности што произлегуваат од јавните служби.

Секогаш насмеан и весел, Хари споделуваше анегдоти од кралското семејство, па откривме како кралицата ја користи платформата „Зум“, што Арчи добил за Божиќ и кој му бил првиот збор.

Сепак, најинтересниот дел е приказната за заљубувањето во Меган Маркл: На вториот состанок, си помислив – леле, ова е нешто многу посебно. Не стануваше збор за местото каде што одевме, туку за тоа како се совпаѓавме, чувствувајќи се целосно опуштено еден со друг. Да се биде во врска со член од кралско семејство е сосема поразлично од вообичаеното. Секој состанок на почетокот на врската вклучува вечери, разговори и гледање филмови дома, а дури подоцна, кога ќе станете пар, започнувате да излегувате во ресторани и кина во јавност, но кај нас сè беше наопаку. Поминавме огромно време заедно наместо да одиме на вечери со пријатели и да се дружиме со други луѓе. Избегнавме какво било мешање и уживавме. Сè се случи со неверојатна брзина, за само 2 месеци – рече војводата од Сасекс.

Тој ќе биде со војвотката од Сасекс на Опра Винфри на 7 март, а дотогаш уживајте во ова забавно интервју.

Напиши коментар