Тие имаат толку силен карактер, којшто би им се срушил ако клекнат на колена и им се вратат на своите поранешни љубови.
Лав
По раскинувањето, Лавовите секогаш ќе се однесуваат како ништо да не се случило, тие ќе бидат силни и ако се обидете да ги добиете повторно, тие ќе се однесуваат уште понедопирливо и максимално ќе ве игнорираат.
Скорпија
Ако ги повредите еднаш, тие ќе ве повредат двапати, а потоа ќе исчезнат од вашиот живот и нема да ви дозволат да им пристапите.
Стрелец
Раскинувањето е нов почеток за нив. Тоа се луѓе кои никогаш не гледаат наназад и едноставно продолжуваат со животот. Кога еднаш ќе се разделите од Стрелецот, не очекувајте ненадејни помирувања и обновување на врската.
Јарец
Иако страдаат повеќе од другите по раскинувањето, тие ретко ќе го покажат тоа. Јарецот никогаш нема да ви прости неверство или каква било ситуација во која сте ги повредиле, и ако ви се вратат, тоа е само уште еден начин на одмазда.
Водолија
Тие ќе се обидат да се окупираат со излегување и работа по раскинувањето и нема да ви дозволат повторно да ги изневерувате затоа што ја мразат агонијата што доаѓа со скршеното срце.