Celebrity

Како би изгледале некогашните светски диви со ботокс и филери?

На само 16 години, Кајли Џенер ја вбризга првата инјекција во усните, која произведе цела генерација девојки и жени кои започнаа да ги пумпаат усните. Уметникот Мет Мејтленд покажа како би изгледале стилските икони, коишто се мерило за убавина, со ботокс и филери.

Интересот за филери денес стана популарен тренд, а пумпањето усни и затегнувањето на очните капаци стана вообичаена рутина. Современото доба донесе квази-слика за убавина, што е огледало на нашето општество, опседнато со лажни слики од нашите „совршени животи“ и исти лица.

Колаж уметникот, Мет Мејтланд го искористи тоа на најдобар начин. Фокусирајќи се на вистинските sвезди кои го одбележаа златното доба на Холивуд, жени кои сè уште се сметаат за икони на стилот, харизмата и сексапилот, тој се обиде да покаже како тие би изгледале со зголемени усни, според денешните стандарди за убавина.

Резултатот се нешто вознемирувачки, но и смешни илустрации. Мејтленд не сакаше да критикува, туку да го претстави на свој начин феноменот на модерното време.

„Отсекогаш ме фасцинирале луѓе кои убавината ја поместуваат до екстремно ниво. Еден од моите идоли, Мајкл Џексон, ја истражуваше идејата за трансформација многу рано во неговата кариера. Козметичкиот пристап до убавината претходно беше ограничен на ѕвездите и ултрабогатите луѓе, а денес стана многу подостапен. Насекаде има докази за овие современи идеали за убавина. Новото нормално може да го видите низ целиот свет. Затоа, започнав да размислувам за идентитетот во нашето модерно општество. Замислував како, ако тие беа уште живи, некои од најголемите starsвезди во историјата би ги прифатиле модерните козметички третмани и трендови“, изави овој уметник.

Напиши коментар