After Midnight

Како да бидете пар кој и по неколку години врска сè уште наоѓа меѓусeбно разбирање и поддршка?

Среќните парови знаат да ја дозираат љубомората. Малку љубомора е здраво, затоа што покажува дека се грижите и дека знаете да го цените она што го имате. Но, тоа не смее да се претвори во посесивност. Среќните парови не им забрануваат на партнерите да се дружат со припадници на спротивниот пол, повремено да излегуваат одделно со друштво или да се враќаат дома доцна навечер, сè додека има комуникација и искреност меѓу нив.

Среќните парови знаат да се скараат. Тие не префрлуваат, обвинуваат или навредуваат, туку разговараат за тоа што ги мачи и ја слушаат другата страна, наместо да чекаат ред за монолог.

Среќните парови не се лути. Несреќните парови тешко можат да заборават и не сакаат да простат. Среќните знаат да кажат на време: што беше, беше, нема да се враќаме на тоа, да продолжиме понатаму!

Среќните парови се подготвени да направат компромис. Тие не очекуваат сè да биде по нивно во врската, туку се обидуваат да ја задоволат другата страна и да ја видат ситуацијата од нивна перспектива.

Среќните парови се инспирираат. Сетете се на првите моменти заедно кога се охрабрувавте во сите ваши фантазии и планови. Со текот на времето, таа идила може да исчезне. Не дозволувајте ни тоа да ви се случи. да започнете да ги исмевате или омаловажувате желбите и надежите на вашиот партнер. Бидете тим, мотивирајте го и инспирирајте го човекот до вас.

Напиши коментар