Astro&Horoscope

Како да ги освоите? Лавот ќе „падне“ на вечера со свеќи, Вага на љубовно писмо …


Ако некогаш сте се запрашале кој е најдобриот начин да освоите некого „од прва“, еве еден брз водич.

Овен – Ќе бидат воодушевени ако за нив организирате некоја физичка активност, кампување, екскурзија и сл.

Бик – Нивната среќа нема граници ако партнерот направи посебни напори да им удоволи. Изненадете ги во спалната соба со неколку миризливи свеќи, постелнина од свила и шише вино.

Близнаци – Тие наоѓаат романса во секоја ситница! Само земете слободен ден за нив, организирајте филмски маратон со добра храна и шепнете им нешто слатко во уво …

Рак – Луѓето родени во знакот на рак не сакаат да излезат од својата зона на удобност. Тие ќе бидат пресреќни во моментите кога заедно приготвувате јадења или одежите на кратка прошетка …

Лав – непоправливи романтичари кои ќе паднат на вечера со свеќи и музика во живо, ако е можно. Дајте им неколку комплименти и гледајте како паѓаат пред вашите нозе. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Девица – Тие се перфекционисти и сакаат да се организира сè околу нив. Ако сакате да ги импресионирате, помогнете им да го преуредат плакарот, да ја исчистат кујната итн.

Вага – Сака романса и сака вашиот партнер да го цени напорот што го вложуваат во врската. Една од најромантичните работи што можете да ги направите за Вага е да напишете романтично писмо во кое ќе кажете зошто ја сакате и зошто вашата врска е толку посебна.

Шкорпија – Сакаат да останат во природа, па нивните очи ќе светнат ако ги однесете некаде на пат, пливање, пловење со брод итн.

Стрелец – Сакаат да патуваат и да доживуваат нови работи. Однесете ги на место што никогаш не го посетиле или договорете се да пробаат нешто ново.

Јарец – Тие ја сакаат традиционалната романса, односно ќе бидат воодушевени од букет рози, чоколада, плишана играчка и рачно напишана порака.

Водолија – Обожава да се дружи со пријателите, па ќе ги воодушевите доколку организирате некое дружење со пријателите во опуштена атмосфера. Тој ќе ви се заблагодари подоцна кога ќе се најдете сами во спалната соба.

Риби – Најромантичниот знак на Зодијакот ќе ужива во топла бања со многу пена и филмска маратон.

Напиши коментар