Free zone

Како да го направите правилниот избор: 3 чанти кои одговараат на секоја вечерна комбинација

Постои мислење дека среќата е во малите нешта, па зошто да не и кога е во прашање вашиот стил?

Изборот на чанта, без разлика дали станува збор за вечерно дружење со пријателите, излегување на вечера со партнерот или одење на забава, е вистински предизвик.

За да ви ги олесниме дилемите, ги издвоивме идеалните чанти што треба да ги имате во плакарот.

Змијска торба
Со години е на врвната листа на светски трендови. Покриена со змијски принт, што ја прави доволно впечатлива сама по себе, па затоа треба да се комбинира со едноставни комбинации. Препорачуваме да го направите ова со црвена змијска торба и црн елегантен фустан, најлон чорапи и шпиц-салонки. На овој начин ќе добиете изглед од деведесеттите години.

Мала црна чантичка
Овој класик никогаш не може да биде здодевен и уште поважно: со неа никогаш не можете да погрешите, без разлика дали станува збор за дневна или вечерна варијанта. Црната чанта најдобро се носи во комбинација со јакна, тесни кожени панталони, сандали или чизми.

Металик торба
Последната во низата актуелни трендови е металик торбата. Затоа, дамите кои го сакаат стилот на осумдесеттите и деведесеттите не смеат да ги занемарат овие чанти, кои едноставно блескаат! Носете ја со парчиња во сосема спротивна нијанса и изберете светли бои во комбинација со неа.

Напиши коментар