Free zone

Како да оставите незаборавен впечаток

Сите ние се трудиме да останеме во нечија меморија, но колку и да се трудиме, шансите се против нас.

Имено, 90% од новите информации што ги добиваме, преку каква било форма на комуникација, ги забораваме!
За среќа, постојат начини да ги зголемите вашите шанси, со правилен пристап. Затоа споделуваме со вас неколку тактики кои гарантираат дека луѓето нема да ве заборават толку лесно.

Покажете малку емоции. Евоцирајќи емоции кај некого (споделувајќи спомен или лична борба), ќе постигнете подлабока врска и со тоа ќе оставите значителен впечаток.


Повторете го она што сакате да го докажете. Информациите ќе останат во главата на некој само ако се повторат. Мозокот треба да доживее одреден стимул три пати, така што можете слободно да пренесете одредена информација неколку пати, за да бидете запаметени.


Биди директен. Користењето факти поддржани од лично искуство секогаш ќе биде поинтересно отколку да се цитираат случајни информации. Секогаш гледајте наназад на нешто што сте го доживеале сами и бидете сигурни дека тоа ќе остане во нечија меморија.


Охрабрете ја вашата публика. Кога вашите соговорници ќе се приклучат на дискусијата, тоа ќе бидат нивните забелешки што ќе ги потсетат на вас или на она што сте сакале да го кажете.
Не го потценувајте факторот на изненадување. Луѓето паметат работи што ги плашат, шокираат или изненадуваат.


Нека биде опипливо. Кога ќе подготвите нешто за вашите слушатели што можат да го мирисаат, обидат, допрат или почувствуваат, ќе ги активирате нивните сетила, па тие подобро ќе разберат за што зборувате. Сензорното искуство има силни врски со меморијата, што дефинитивно ќе придонесе луѓето секогаш да ве паметат.

Напиши коментар