After Midnight

Како страста во вашата врска никогаш да не згасне?

Комуницирајте
Комуникацијата е основата на здравата врска, како и едно од најважните средства за задоволителен сексуален живот. Ако не зборувате за вашите чувства и сексуални копнежи, тишината ќе ја оштети вашата врска и ќе создаде јаз меѓу вас и вашиот партнер. Едноставното комуницирање за тоа што ве возбудува еден со друг, во голема мера ќе помогне во одржувањето на страста.

Негувајте љубопитност и ентузијазам
Задржувањето на страста и ентузијазмот на високо ниво не само што ќе им користи на вашето тело и ум, туку ќе има и позитивни ефекти врз вашата врска. Ако сте живи и отворени за откривање на животот, таа енергија ќе ја пренесете на вашиот партнер, а исто така и на вашиот сексуален живот. Со менување и стекнување нови знаења секој ден, станувате повеќе мистериозни и привлечни за вашиот партнер, а како што сите знаеме, меѓусебното откривање има клучна улога во одржувањето на сексуалната страст.

Бидете секси
Знаеме дека широките маици и старите тренерки се најудобни, но обидете се од време на време да бидете секси за партнерот. Во моментите кога ќе се разубавите, ќе се чувствувате попривлечно, ќе ја заживеете страста и возбудата, а партнерот нема да остане рамнодушен!

Поминете некое време раздвоени
Ова ќе ви помогне да разберете колку многу си недостасувате еден со друг и ќе ве натера да го цените она што го имате заедно. Во тие моменти, ќе се сакате уште повеќе!

Влезете во расположение за љубов и разбудете ги вашите сетила
Започнете со романтична вечера и сензуална музика. Затемнете ги светлата, запалете ги свеќите, направете афродизијачки оброк и отворете шише добар шампањ. Храна како авокадо, темно чоколадо, лубеница и бадеми природно го зголемува либидото и кај жените и кај мажите! Може да се обидете и со стариот добар афродизијак, јаткасти плодови и мед, за чиј позитивен ефект врз либидото се зборува со векови.

Напиши коментар