Манекенката и актерка, Кара Делевињ, стана најплатената манекенка во Велика Британија. Само во текот на изминатата година, таа заработила повеќе од шеснаесет милиони долари.
Родена е во Лондон во 1992 година како ќерка на Чарлс и Пандора Делевињ, а првиот договор го потпиша со челзиската агенција, Storm Model Management, откако го напушти училиштето во 2009 година.
Британските модни награди и ја доделија наградата за најдобар модел на годината во 2012 и 2014 година, а исто така се појави и во многу светски познати ревии како Burberry, Mulberry, Dolce & Gabbana и Jason Wu.
Таа ја започна својата актерска кариера со навидум безначајна улога во адаптацијата на филмот „Ана Каренина“ од 2012 година.
Покрај со моделирање и глума, Кара се занимава и со битбокс, пеење и свирење (тапани и гитара).
Таа се декларира како бисексуалка и се опишува себеси како феминистка.