Кортни наводно е во врска неколку месеци.
Кортни Кардашијан не е една од сестрите за чиј љубовен живот премногу се зборува. Не се гледа премногу често со некој нов, ниту изгледа дека бара љубов, туку дека е фокусирана на некои други работи во животот. Но, сега се шпекулира дека таа е во врска со некој со кого никогаш не би можеле да ја замислите.
За разлика од Кајли или Ким чии љубовни животи честопати се во преден план, со Кортни тоа не е така. Таа беше во врска со Скот Дисик со години и има три деца со него, а по раскинувањето со него имаше уште една врска, но се чини дека сега, Кортни е повторно подготвена за љубов. Извори блиски до Кортни откриваат дека таа се гледа со некој нов веќе неколку месеци, со рокер што никогаш не би ја замислиле. Тој, наводно, е Травис Баркер, тапанар на групата Blink -182.
Тетоважите по целото тело, вклучително и лицето, алтернативен стил, во никој случај не е некој со кого би ја споиле Кортни. Сепак, извор близок до парот открива дека нивната романса трае веќе неколку месеци, но дека тие се пријатели веќе подолго време. На Тревис му се допаѓаше Кортни некое време и се чини дека конечно успеа да ја придобие. Папараците ги фатија заедно неколку пати претходно, но тие секогаш ги демантираа гласините за каква било романтична врска. Барем така беше досега.