Celebrity

КИМ КАРДАШИЈАН И КАНИЕ ВЕСТ, ПАРОТ “ПУКНА “! на повидок РАЗВОД !!

Таа „повеќе не може да издржи“, ја ангажираше кралицата за разводи во Холивуд

Меѓу многуте „К“ во универзумот Кардашијан сега се појавува буквата „Д“. „Разводот е на повидок“ меѓу Ким и Кание Вест, дознава „Њујорк пост“ веднаш потврден од „Пипл“.

„Доста ѝ беше“, се согласуваат извори блиски до славната двојка дека моќнатат инфлуенсерка го испратил нејзиниот сопруг на пробна разделба во ранчот од 14 милиони долари, кој раперот го купи пред две години во Вајоминг.
Ким исто така ја ангажирала Лора Васер, кралицата на холивудските разводи, која, меѓу другите, била ангажирана и при разводот на Анџелина Џоли од Бред Пит и Марија Шривер од Арнолд Шварценегер.
Васер, која го инспирираше ликот на Лора Дерн во „Приказна за бракот“ на Ноа Баумбах, веќе ѝ помогна на ,,дивата од познатото реалити шоу” кога пропадна нејзиниот претходен брак со шампионот во НБА, Крис Хамфрис.

„Ким и Кание молчат, но во овој момент како двојка тие се готови“, изјави изворот на „Пејџ Сикс“, рубриката за озборувања на таблоидот Руперт Мардок, додека ТМЗ рече дека парот ќе се обиде компромис да најде со брачен советник, без да мора да оди кај судијата.
Ким ќе мора да ги стисне забите заради Норт, Чикаго, Псалм и Сент, нивните четири малолетни деца. „Кание секогаш ќе ѝ биде во срцето, но во овој момент таа се грижи само за доброто на децата“- изјави близок извор.
Ким и Кание се запознаа во 2013 година, кога таа сè уште беше законски мажена во Хамфрис. Потоа се венчаа во мај 2014 година во Фиренца, на раскошна и церемонија од затворен карактер во Форте Белведере: белиот фустан од Живанши потпишан со Рикардо Тиси сеуште е во сеќавањето на многумина. Гласини за криза во нивниот брак кружат од поодамна: во септември ѝ беше соопштено страда од истата ментална состојба како и нејзиниот соипруг- синдром на биполарност.

Напиши коментар