Ким Кардашијан (40) нема никаков контакт со нејзиниот сопруг, Канjе Вест (43).
Веќе неколку недели кружат гласини за разводoт на популарниот пар поради неверство, но и поради оддалечување за време на пандемијата. Сега е потврдено дека Канје зел 500 пара патики, како и други работи од семејната куќа.
„Тие повеќе не се во контакт“, тврди добро информиран извор.
Додека Канје полека се сели од Калабасас, Ким и нејзините сестри престојуваат на Бахамите, одмараат од сè или се подготвуваат за бурниот развод.
Ким и Канје имаа неколку кризни ситуации, предизвикани од биполарното растројство на Канје, но капката што ја прели чашата беше неговата кандидатура за претседател на Америка и биполарните напади што следуваа, каде Канје јавно изнесе некои приватни работи за Ким.