Celebrity

Ким Кардашијан навистина знае како да ужива: Додека сè уште се зборува за нејзиниот развод, таа замина на краток одмор!

Ријалити sвездата, Ким Кардашијан, ги воодушеви своите 203 милиони следбеници на Инстаграм, со возбудлива фотографија од нејзиниот одмор.

Атрактивната старлета во моментов одмара со сестрите и децата на егзотичниот остров Туркс и Каикос, а она што не го пропушта е позирањето во минијатурни костуми за капење.

Овој пат, мајката на четири деца позираше на балконот од вилата во кафено микро бикини, со марама и обемни гумени сандали од колекцијата на нејзиниот сопруг Канје Вест, кои веќе ги носеше, а од истите беа згрозени луѓето ширум светот.

  • „Само одмарам“ – напиша 40-годишната Ким под фотографијата, која за 10 часа доби над три милиони лајкови.

Сестрите Кардашијан / Џенер го искористија ова патување за да го прослават заедно третиот роденден на ќерката на Кајли, Сторми Вебстер.

„Тоа беше женско патување на една од нивните омилени дестинации за да го прослават роденденот на малата Сторми. Тие останаа во приватна вила три ноќи и одлично се забавуваа“, изјави извор близок на семејството за американските медиуми.

Напиши коментар