Celebrity

Ким Кардашијан со фотографија ги потврди гласините за разводот

Веќе протекоа информации во јавноста дека Ким ја ангажирала адвокатката Лора Васер.

Разводот на ријалити sвездата Ким Кардашијан (40) и раперот Канjе Вест (43) е главната шоу-биз тема на американските медиуми, а обожавателите секој ден се повеќе се сигурни дека ова е навистина крајот.

Веќе протекоа информации во јавноста за тоа како Ким ја изнајмила адвокатката Лора Васер, а распределбата на брачниот имот несомнено ќе биде еден од најскапите судски процеси во историјата.

Вест веќе некое време е изолиран на неговиот ранч во Вајоминг, парот некое време живее одделно, а Ким ќе бара старателство над сите нивни заеднички деца, кои Канје одреден период ги гледа само привремено.

Кардашијан не се огласи последниве денови, но на првите фотографии што ги објави, откако наводно се разделија со славниот рапер, таа не носи прстен. Тоа не можеше да им избега на нивните обожаватели, кои едногласно заклучуваат дека ова е, исто така, официјален доказ дека се разведуваат.

Напиши коментар