Celebrity

Ќерката на Моника Белучи Блескаше на насловната страница на престижно списание: Го полуде модниот свет со својата УБАВИНА! (ФОТО)


Ќерката на актерска двојка полека, но сигурно се стреми кон успех во светот на модата

Дева Касел (16), ќерка на Моника Белучи (56) и Винсент Касел (54), се појави на насловната страница на француското издание на престижниот моден магазин Elle, а познатата италијанска актерка не криеше на Инстаграм колку е горда мајка.

Убавата Дева сними уште една насловна страница на престижно модно списание, чие издание веќе го краси во октомври 2020 година.

Моника сподели насловна фотографија, која собра речиси 100.000 лајкови.

Многумина на Дева ѝ предвидуваат одлична кариера во светот на модата и светла иднина, најмногу заради убавината и цртите на лицето кои ги наследила од нејзината мајка, која важи за една од најубавите жени во светот.

Поранешната двојка Моника и Винсент од бракот, покрај Дева, ја имаат и помладата ќерка Леони.

Иако веќе долго време не се во брак, тие заедно ги одгледуваат своите наследнички.

Напиши коментар